Гасли нетрпелив да види фанови на Сочи

Победникот на Големата награда на Италија, Пјер Гасли, во пресрет на Руското Гранд При се надева дека ќе се врати со добар резлтат откако имаше лоша трка во Муџело, но во исто време е нетпрелив да види фанови во поголем број на трибините во олимпискиот град.

По откажување на првите 10 трки од сезоната, Либерти Медиа долго време мака мачеа да создадат пристоен календар и на крај комплетираа сезона од 17 тркачки викенди на 14 тркачки локации. Монца имаше гости од медицинскиот персонал кои минатите шест месеци неуморно се бореа против пандемијата, додека Муџело доби дозвола за нешто под 3.000 фанови дневно, но истите беа гости на тимот од Маранело кои беа организатори на јубилејната за нив трка.

Но, во Сочи се очекуваат 30.000 гледачи и вистинска трка со фанови крај автодромот.

сочи е целосно различна патека од последните две и е многу побавна од монца и од муџело. на некој начин е улична патека со најголем дел од кривините под 90 степени кои се минуваат во 4та или 5та брзина така што се е многу слично. има и бавен последен сектор, интересно е, но не знам како ќе работи нашиот болид таму.

убава работа е тоа што верувам дека ќе има доста гледачи на кои ќе им биде дозволен пристап на патеката, повеќе од муџело и ќе биде убаво да се видат фанови крај патеката за промена – вели францускиот возач.

По победата на Италијанското Гранд При, Гасли не успеа да комплетира ни круг во Муџело, така што има јасна цел за Русија.

мораме да се осигураме дека ќе останеме надвор од проблеми затоа што во последно време на трките се случуваат многу работи. сакаме да продолжие со добриот тренд затоа што спа и монца беа одлични трки за нас, дури и на муџео имавме одлични квалификации.

во средината на поредокот, онаму каде се наоѓаме, е неверојатно густо помеѓу неколку екипи, ние сме во груапа во која разликата се пар десетинки така што совршено одработување на викендот е клучно ако сакаме да се бориме за добри поени.

Разочарувањето од Тоскана не придонело тој да го заборави најголемиот успех во кариерата, победата во Монца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ