Гасли: Не е мое да одлучам дали ќе се вратам во Ред Бул

По две седми места на трка и две последовалтени пласмани во последниот квалификациски сегмент, Пјер Гасли смета дека доктор Хелмут Марко е навистина среќен со неговите перформанси, но тоа не значи дека Ред Бул е повторно на дофат.

Французинот беше дел од екипата од Милтон Кинс од почетокот на минатата сезона, но на средина од истата беше прекомандуван во Торо Росо за да направи место за Александер Албон. Лани дојде до својот прв подиум по второто место во Бразил и имаше повеќе поени од својот колега на 9те трки на кои возеа заедно.

Во моментов Гасли има освоено 12 поени наспроти единствениот поен кој го има освоено русинот Квјат.

знам дека халмут е многу среќен со моите резултати п ерформанси на квалификации и трка, но тоа е се, не носам јас одлука што понатаму. единствено што можам да направам е да се фокусирам на своите перформанси и резултати и на тој начин да добијам можност за било што друго. тоа ми е целта и секогаш сум верувал дека доколку имате перформанси ќе ви се укажуваат и можности. иднината ќе покаже, а во моментов сум фокусиран на мојата работа и се обидувам да испорачам колку што можам повеќе – вели гасли.

На последната трка Пјер тргна од 11та позиција, а заврши 4 позиции погоре, минувајќи го и Себастијан Фетел во борба за поени.

морам да кажам дека е одлично оваа сезона и тоа беше моја цел, да го задржам моментумот од лани. имавме силен втор дел од сезоната минатата година и сакав да продолжам така. успеваме да вадиме се од пакетот кој го имаме и тоа е многу позитивно.

мораме да продолжиме со силните резултати и на следните трки и мислам дека не можевме да оствариме повеќе годинава. уживаме на патеката и јас сум среќен ако се повторуваат успешните викенди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ