Гасли не жали по Ред Бул: Сега сум посилен

Пјер Гасли изјави дека не жали за времето поминато во Ред Бул откако следната година ќе вози за Алпин. 

Тој влезе во спортот со Торо Росо и беше кратко време во Ред Бул, но не можеше да му парира на Макс Верстапен. Со АлфаТаури стигна до првата победа во Италија во 2020 година. 

Тоа беше мојата кариера и приказна со Ред Бул. Така требало да биде. Научив многу и сега сум во посилна позиција. Мислам дека сум посилен возач во моментов. Пораснав на секое поле и не би променил ништо. Јас сум како добро црвено вино. Мислам дека најдоброто допрва доаѓа. Благодарен сум на тоа што се случи и ќе продолжам да учам. 

Гасли се осврна и на својата прва трка со Торо Росо во Малезија и првата победа. 

Првата победа доаѓаше, но јас се сеќавам на Малезија. Тоа беше посебен момент за мене. Не ми се веруваше дека ќе возам се додека Марко не ми кажа.

Во Ред Бул учев повеќе, но имав доста нејаснотии. сепак, научив многу во времето поминато во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ