Гасли не сака да ги критикува Ред Бул за лани

Пјер Гасл беше уназаден на средина од минатата сезона и вратен од Ред Бул во Торо Росо, иако му беше кажано дека работното место му е безбедно, но тој и понатаму не сака да открива детали во медиумите и не сака да го критикува својот работодавач.

Во пресрет на сезоната, а по официјализирањето на трансферот на Даниел Рикардо од Ред Бул во Рено, екипата од Милтон Кинс реши по само една сезоан во Торо Росо да го унапреди Гасли во сениорската екипа.

Резултатите на французинот беа далеку од нивото на Макс Верстапен, а тимот тоа го “трпеше“ до средина од сезоната кога го прати во Фаенца кај Торо Росо, а од таму го донесе Александер Албон, нешто што се покажа одлично за двајцата возачи.

знам што треба да направам и секогаш целам да се подобрам и да најдам делови од кои можам повеќе да извадам. тоа го правев и во ред бул и мојот пристап не е променет кога се вратив во торо росо.

има повеќе причини зошто не успеав во ред бул, некои се кажани јавно во медиумите, некои не, но луѓето имаат различно сфаќање за рабоите и јас прифаќам се.

јас сум возач кој има договор со ред бул и благоарен сум им поради тоа што ме донесоа во формула 1. тоа што се случи тие шест месеци не го менува нашиот однос и не го менува тоа што тие го направија за мене.

имаше проблеми, се мачевме, некои работи требаше да се подобрат и ако повторно добијам шанса, ќе биде многу понаку – смета пјер.

Сепак, тој нема намера да го критикува својот тим во врска со тоа што се случувало додека бил член на Ред Бул.

разговаравме за работите кои не беа добри, но не е мое да излегувам пред медиумите и да објаснувам што се не беше добро додека бев во Милтон Кинс. тоа не е исправно и поради тоа јас нема тоа да го правам.

секако дека треаба да се справам со негативните размислувања и негативната енергија, но има и многу луѓе со многу позитивна енергија и јас се фокусирам повеќе на поддршката која тие ми ја даваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ