Гасли објасни како го удрил Норис

Пјер Гасли изјави дека се трудел да му остави доволно место на Ландо Норис пред нивниот судар, но се мачел со управувањето на болидот како последица на сударот со Фернандо Алонсо.

Гасли и Норис имаа контакт на излезот од свиокот број 8 на 18 кругови до крајот при што Норис удри во ѕидот и ја заврши трката. Претходно Гасли отиде прешироко во 7от свиок и болидите на Хаас го престигнаа. За инцидентот немаше казна, а Гасли подоцна се повлече од трката.

Тој објасни пред медиумите дека имал оштетувања од контакт со Алонсо.

Се обидовме уште еден круг да видиме како ќе биде, но болидот имаше голема штета и морав да се повлечам. Тоа беше наш последен круг пред да влезам во боксот. Се обидов да оставам место, но се удривме со Норис – опиша французинот од алфатаури.

Гасли додаде дека бил бавен и сакал да извлече максимум од болидот.

Видов момците како ме престигнуваат и се се случи доста брзо бидејќи сакав да им оставам простор и Не знаев каде да одам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ