Гасли откри дека АлфаТаури ги разбрале причините за лошата трка во Катар

Возачот на АлфаТаури, Пјер Гасли, откри дека италијанската екипа ги разбрала причинит еза најлошите перформанси оваа сезона кои ги прикажаа на претходната трка, Катарското Гранд При на Лосаил.

Францускиот возач стартуваше од првиот ред во Катар, од втората позиција веднаш крај Луис Хамилтон по казните на Валтери Ботас и Макс Верстапен, но и покрај тоа што се реши за сигурната стратегија со две промени на гуми, со мака заврши надвор од поени, беше 11ти на крајот од трката.

Резултатот беше тежок по борбата на тимот со Алпин за 5то место во онструкторскиот поредок кое веројатно ќе им донесе 10-тина милиони евра повеќе од наградниот фонд согласно пласманот.

бев претерано разпчаран од трката во катар по нашата најдобра сабота година, но уште во петок имавме знаци дека долгите серии нема да бидат добри. на трка се мачевме со деградацијата на гумите која беше огромна, буквално ја “јадевме“ гумата претерано брзо и по 10-12 кругови гумите беа безкорисни.

знаевме уште пред викендот дека ќе се мачиме со тоа, но не очекувавме толку многу да трпиме на трка и да ги имаме најлошите перформанси годинава. разочарани бевме многу, но научивме неколку работи кои ќе ги искористиме на последните две трки за максимален резултат – најави гасли.

Французинот откри дека пред трката, пресметките велеле дека може да се одработи трката со една промена на гуми, нешто што Алпин го направија и дојдоа до одличен пласман.

бевме претерно брзи и гумтие ги трошевме претерано многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ