Гасли откри каква кацига ќе носи на првата трка

Пјер Гасли го откри дизајнот на својата кацига за првата трка од оваа Формула 1 сезона откако имаше своевиден конкурс отворен за фановите.

Возачот на АлфаТаури сакаше помош од фановите и необичен дизајн, а уметникот Лаура Итзел Естрада беше победник со нејзиниот сино-лилаков дизајн со слоганот ‘Full Gas’.

Согласно моменталните информации, Австирското Гранд При на почетокот на Јули ќе биде прва трка од календарот, а седум денови потоа ќе се вози повторно на истиот автодром.

Годинава ФИА го поништо правилото со кое се дозволуваше возачите да имаат само еден дизајн на кацигата во текот на годината, така што може слободно да менуваат шари на своите заштити за главата.

ви благодарам на сите за вашите дизајни, сите беа одлични, а некои од нив ќе ги користам како идеи во текот на годинава – изјави французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ