Гасли официјално потврден во АлфаТаури

Пјер Гасли официјално е потврдено дека ќе остане во АлфаТаури и следната тркачка сезона, официјално објави екипата од Фаенца.

Иако тој има валиден договор со екипата до крајот на следната сезона, останувањето на Серхио Перез во Ред Бул до крајот на 2024 година донесе многу шпекулации во врска со иднината на французинот со оглед на неговата желба за сениорската екипа. Во падокот во Монтреал, шефот на екипата, Франц Тост, потврди дека Гасли мора да остане во тимот и догодина затоа што има валиден договор со тимот.

Сега екипата и официјално потврди дека Гасли останува догодина да вози за нив.

26-годишниот французин е со нас од 2017 година и е многу важно средства за оваа екипа, има одличен однос со сите во екипата. пјер е докажан победник на трка, има три подиуми и три најбрзи кругови до денеска и вкупно 325 освоени формула 1 поени. разви репутација во силен возач за квалификации – велат од тимот.

На ова возачот дополни:

со тимот сум пет години и горд сум на паташествието кое заедно го имавме и напредокот кое го направивме. среќен сум со мојот скудерија алфатаури тим. годинава новите правила создадоа нови предизвици за нас, план за развојот за следните 18 месеи и работа во иднина.

Гасли го имаше дебито во Торо Росо, претходникот на АлфаТаури во 2017 година и ја мина речиси целата своја Формула 1 кариера освен 12 трки за Ред Бул во 2019 година. Откако се врати повторно во АлфаТаури, стигна до една победа и два подиуми и стана најуспешен возач во историјата на екипата.

задоволни сме што можеме да потврдиме дека тој ќе остане со нас и следната година. дефинитивно е во групата на најсилни возачи на гридот во моментов со докажани способности за времето минато со нас.

неспорно е дека тој може да има голема улога во тимот по успешните години со нас, а наше е да му дадеме силен и конкурентен паке за да ни донесе силни резултати.

Французинот има тежок почеток на сезонава и само 16 поени и најдобар пласман од 5то место на трката низ Баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ