Гасли очекува напредок од АлфаТаури

Французинот Пјер Гасли очекува АлфаТаури да направат голем чекор напред претсојнава сезона и да станат многу конкурентни во средниот ред.

Французинот игра важна улога во напредокот на тимот кој дојде до седмата позиција кај конструкторите минатата година откако дојде и до својата прва победа во кариерата на Италијанското Гранд При во Монца. 

Гасли освои 75 поени и ја освои 10та позиција кај возачите, а тимот ја имаше најдобрата година во нивната историја каде за прв пат дојде до 100 поени. Тимот од Фаенца заостануваше само 24 поени зад Ферари и 74 од петтопласираниот Рено. 

Тој е задоволен од сезоната, но верува дека тие може уште да напредуваат во 2021 година и да имаат уште подобро првенство. 

Имавме многу успешна година зад нас. Очигледно освоивме повеќе поени од било која претходна сезона и тоа е одлично. Во исто време, имаме над 100 поени и бевме седми во шампионатот што во некои други сезони можеше да значи и повисок пласман.

Знаеме дека е тесно во средниот ред бидејќи тимовите од трето до седмо место се борат и се во силна конкуренција. Премногу е мала разликата и Се надевам дека нареднава сезона ќе направиме голем исчекор и ќе напредуваме – посака гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ