Гасли очекува проблеми со видливоста кај новите болиди

Пјер Гасли потенцираше дека може да се појават потенцијални проблеми со видливоста кај следните нови болиди откако го пробал болдот на АлфаТаури во симулаторот на тимот.

Французинот откри дека поклопците над предните тркала како дел од новиот аеродинамички пакет пречат во прегледноста на возачот и го прават позиционирањето на болидот низ кривините малку потешко. Исто така, Гасли најави и дека на возачите им е потешко да видат кога предните тркала им се блокирани.

најголем проблем мислам дека е видливоста и прегледноста затоа што ќе биде потешко со поголеми гуми и поклопците на нив кои не ми се допаѓаат. ќе мораме да се навикнеме на нив, но тие покриваат голем дел од она што го гледаме денеска.

кога имате кривина пред себе која треба да ја минете, тие сметаат соодветно да го позиционирате болидот, така што ќе треба да бараме различна референца во однос на тоа што го користиме годинаа.

но, знам дека ќе биде исто за сите, но ќе биде различно иако секако дека видливоста е намален што никогаш не е многу убаво, но ќе мораме да се привикнеме – откри гасли.

Запрашан дали ќе биде тешко да се следи состојбата на предните гуми, Пјер одговори:

веројатно ќе смета и во однос на закочувањето односно блокирањето на тркалата. кога имате целосна прегледност на предните гуми штом истите блокираат, ја гледате ротацијата со помала брзина. но, со овие поклопци над гумите, ќе биде потешко да се следи тоа.

Тој исто така откри и дека тимот прави одличен напредок со дизајнот на следниот болид за 2022 година иако е невозможно да каже каде се во споредба со ривалите.

јасно е дека проектот многу евоуира од ден на ден особено кога имаме волку интензивен календар. кога се враќам во симулаторот по 2-3 недели веќе болидот е силно променет.

општо гледаме сме задоволни од работата која ја работиме, но немаме репер а споредба така што во однос на развојот мислиме дека сме добри.

знаеме и гледаме дека се подобруваме, но дали сме пред или по конкуренцијата нема да можеме да кажеме до тестот во барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ