Гасли под истрага за брзо возење под црвено знаме

Стјуардите на ФИА ќе го истражуваат пребрзото возење на Пјер Гасли под црвено знаме откако и тој самио збесна поради тоа што имаше механизација на патеката за расчистување на застанати болиди.

Трката во Сузука беше прекината по само два кругови поради силниот дожд и неколкуте инциденти од првиот круг. Карлос Саинз се изврти на 12та кривина и заврши во оградата што донесе безбедносно возило пред да биде развиено црвеното знаме и прекината трката.

Пред болидите да се вратат во гаражата додека кружеа по патекта зад безбедносното возило, механизација за отстранување на болидот на Саинз на 12та кривина веќе беше на патеката. Пјер Гасли беше последен возач во колоната кој го мина тракторот и веднаш збесна преку тимското радио поради тоа што имало механизација на патеката додека брзо возел, а никој не му го кажал тоа.

Стјуардите на ФИА преку контролата на трка открија дека ќе го истражуваат инцидентот на Гасли во вториот круг на 12та кривина од трката.

се работи за прекршување на членот 57.2 од спортскиот правилник односно возење брзо под услови на развеано црвено знаме.

болидот број 10 возеше со над 250 кмч кога го комплетираше кругот под црвенот знам откако го мина местото на инцидентот на 12та кривина – гласи соопштението од стјуардите.

Црвеното знаме беше развеано во моментите кога Гасли се доближуваше до камионот на патеката, но стјуардите го истражуваат неговото возење кога го одмина истиот. За време на паузата поради црвенот знаме, Пјер отиде до кај директорот на трката, Едуардо Фритас да разговара за инцидентот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ