Гасли: Пожарот не е загрижувачки

Пјер Гасли изјави дека палењето на неговиот болид додека се паркирал во боксот на тимот не било загрижувачки. 

Тој се врати во боксот на втората тренинг сесија и во моментите кога беше кренат тој се запали. Гасли брзо излезе од болидот и пожарот беше исто така брзо изгаснат. 

Беше жешко, но не е загрижувачки. Нешто се случи и се запали малку боја. не е нешто страшно бидејќи успеав да излезам. Видов во ретровизорот дека нешто се случува и ги видов ликовите на механичарите – изјави французинот.

Гасли заврши на 14та позиција на вториот тренинг бидејќи уште не е навикнат на нерамната патека. 

Патеката беше понерамна од претходните години. Не ги користев тротоарите бидејќи не знам колку има врска. Со овие болиди е различно и мислам дека тоа прави разлика. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ