Гасли самиот погрешил за гумите

Пјер Гасли откри дека тој и АлфаТаури имале дискусија на кои гуми да ја почнат трката пред да се согласат да стартуваат на сините гуми за дожд, што на крајот се покажа како погрешна одлука.

За разлика од Јуки Тсунода кој стартуваше на интермедиа, французинот беше поекстремен во својот избор. Но, изборот на Гасли се покажа за погрешен затоа што откако стартуваше од 5то место, губеше позиции секој круг, но за среќа искористи од цреното знаме и казната на Ленс Строл, по што трката ја заврши на 7мо место.

секако дека ова не беше добро попладне за нас, искрено беше претешко. одлучивме да тргнеме со гумите за мокра патека, јас го сакав тоа, тимот ме поддржа и мислевме дека е добро да се обидеме на тие гуми, но грип немаше, бевме бавни и патеката се сушеше.

во одреден момент бевме последни во трката, а стартувавме од 5то место така што беше далеку од очекувањата. по рестартот мислам дека бев 14ти и се обидов да вратам позиции користејќи го ритамот и брзината на болидот на суво, имавме некои битки и успеавме да претекнеме – објаснува гасли.

И покрај тоа што имаше слаб старт, французинот заврши зад местото каде се квалификуваше, а запрашан зошто порано не влегол да промени на интермедиа компонента, изјави:

се зезнавме и чекавме патеката да се исуши затоа што стратегијата не ни се исплатеше. треба да видиме што можеме подобро.

не бевме во позиција да се носиме со оние пред нас и мислам дека 6то место беше максимум сега. но, тоа е тркањето, некогаш носите вистинска одлука, некогаш грешите, тоа е тоа.

имавме болид кој ни даде можност да се бориме за поени, така ќе биде и на идните трки само ако се осигураме дека ги правиме вистинските работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ