Гасли свесен дека треба да ги подобри квалификациите

Пјер Гасли ја откри областа каде чувствува дека треба да се подобри за време на Гранд При тркачките викенди.

Французинот дојде во Алпин за оваа тркачка сезона по седум години минати во АлфаТаури и Ред Бул семејството. Сег, французинот чувствува дека има проблем со вадење на максимални перформанси од својот пакет за време на саботната сесија кога се одредува стартниот поредок за главната трка.

На првиот настан годинава во Бахреин, тој се мачеше со својот нов болид и испадна уште во првиот квалификациски сегмент со најбавно време, така што тргна многу позади, Но тоа не му сметаше да напредне до поени. Во Саудиска Арабија стигна до послендиот квалификациски сегмент и беше побрз од колегата.

имавме два пласмани во поени годинава на првите две трки што е позитивен почеток на ојата карера во алпин иако во саудиска арабија сакав многу повеќе. имав тивка трка и многу учев за болидот во однос на работите кои сакам да ги подобриме. веројатно не напредувавме од петок до сабота и тоа е нешто што треба да го разгледаме и решиме за да вадиме максимум секој викенд.

морам да продолжам напорно да работам со моите инженери за да бидам во подобра форма за квалификациите затоа што сеуште не се онаму каде што сааме во еден летечки круг, иако знаеме дека имаме добар простор за напредок – посочи пјер.

Лани Пјер беше 9ти на Австрлијанското Гранд При, први поени во неговата кариера од алберт Парк. Алпин има болид кој може да се бори на чело од средината на поредокот, така што Гасли се надева на силен пласман во Мелбурн.

алберт парк е одлична патека која ќе биде нов и различен предивик за нас сезонава. по една тешка патека како бахреин се преселивме на улична како саудиска арабија, а сега сме во сосема нова алберт парк која има многу различни карактеристики.

се работи за забавна патека, но во исто време и многу нерамна на места така што треба да сетираме се како што треба и нема зошто да не се надеваме на нови добри поени. австрлија е место каде немам добри пласмани, но секогаш ми се допаѓало и со насмевка сум доаѓал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ