Гасли се надева дека АлфаТаури ќе изненадат како Браун во 2009

Пјер Гасли е возбуден од новите правила за кои смета дека можност за сите екипи од гридот драстично да напреднат сезонава која претстои и поради тоа смета дека се е можно.

Сезонава е почеток на нова ера во спортот со целосно нова техничка регулатива во однос на аеродинамиката на болидите, најголема таква промена од 2009 година кога Браун ГП ги изненади сите со двојниот дифузер и освои двојна титула.

Тестирањето започнува на 23 Февруари иако возачите секојдневно работат на новите болиди во симулаторите на екипите, а французинот Гасли призна дека е многу тешко да се предвиди.

во симулаторот се работи се претпоставки и тоа им дава на инженерите насока која треба да ја следат, но се додека реалните болиди не се возат на патеката тешко е да се процени било што.

многу е поразлично од последните неколку години и сметам дека ќе биде клучно колку ќе бидет брзи на првиот тест и колу брзо ќе се прилагодите и напреднете – посочи гасли во своето интервју за Auto Motor und Sport.

Пјер и тимот имаа силна 2021 година, французинот ја заврши сезоната со 110 поени и 9то место во возачкиот поредок, додека тимот заврши на 6то место. Спортот ќе биде многу различен сезонава и Гасли смета дека тоа е огромна можност за него и тимот да напреднат.

Сепак, тој е свесен дека истото се однесува и на кокнуренцијата и сите се надеваат дека ќе може да изненадат како Браун уште на предсезонскиот тест во 2009 годиа.

возбуден сум затоа што гледам голема можност за тимот и за мене. во исто време, би бил наивен да кажам дека можноста е само за нас затоа што секој може да напредува, го знам тоа и знам дека се е можно.

она што до сега го видов од болидот е дека тој е многу брз, но чекам на тестовите во барселона и се надевам дека ќе изнанадиме како браун во 2009 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ