Гасли фрустриран од најлошите перформанси до сега

Пјер Гсали е фрусртиран од најлошите перформанси за АлфаТаури до сега оваа сезона. 

Тој се квалификуваше на 12та позиција за спринтот, но подоцна надомести само едно место на гридот поради казната на Џорџ Расел. АлфаТаури се мачеа на тренингот во Петокот откако болидите беа во парк ферме и не можеа да се корегираат и оптимизираат.

Ова се најлошите перформанси оваа година. Беше фрустрирачки бидејќи болидот има многу потенцијал. Цела сезона бевме силни на сите патеки, Но овој викенд од непознати причини бевме бавни насекаде. Нешто не беше како што треба.

Знаевме од првата сесија дека има малку што да поправиме. Пробавме многу работи на квалификациите, но не бевме успешни. Бевме бавни и имавме проблеми. Ова е пакетот за утре. Ќе дадам се од себе и ќе играме со стратегијата. Разочаран сум бидејќи може да сме подобри – посака французинот.

Гасли призна дека нема објаснување за проблемите. 

Да бидам искрен, не разбирам. Можеби дека е различна патека во различни услови, Но бевме бавни на правецот и тоа нема смисла. Нешто промашивме, Но од првиот тренинг знаевме каков болид имаме и не можевме да го средиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ