Гасли цели на предниот ред со АТ03

Пјер Гасли влегува во новата сезона со амбиција да биде во топ 5, секако, доколку болидот е подготвен за предизвикот. 

Минатата година Гасли беше доста фален од коментаторите и аналитичарите откако успеа со неговиот болид да постигне рекордни поени за него и тимот. Со новите правила, повеќето тимови како и АлфаТаури очекуваат да имаат конкурентен болид за што Гасли ги подигна очекувањата. 

Мојот пристап ќе биде ист како и минатата година. Сакам да се борам за добри резултати и да бидам најдобар што можам. Се надевам дека ќе се борам во топ 5 и редовно ќе завршувам таму доколку болидот е способен за тоа – најави францускиот возач.

Гасли смета дека е подготвен ментално за било кое сценарио. 

Треба да сме спремни за сите ситуации. Менално мора да сум спремен и сакам тимот да го форсирам да даде се од себе.

Минатата година бевме блиску до 5та позиција кај конструкторите и ќе биде супер да го постигнеме тоа оваа година. Прерано е, но мислам дека ќе дадам се од себе за да извлечам максимум од болидот. 

Новите правила според Гасли треба да го променат поредокот. 

Мислам дека сите започнуваме од ново и бараме поголем предизвик. Сите тимови имаат голем предизвик да направат што подобар болид кој ќе се справи со новите правила. Се надевам дека ќе имаме добар болид. Не се сомневам во можностите на другите, но како и сите, одамна работиме да го подготвиме болидот за во Барселона. Сезонава ќе има доста изненадувања. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ