Гасли ја чека својата шанса во 2023 година

Пјер Гасли смета дека 2023 година е сезоната во која тој ќе ја добие шансата во топ тим. 

Французинот извлече максимум од својот АлфаТаури оваа сезона посебно на квалификациите. Тој има огромен потенцијал, слично како Шарл Леклер и Ландо Норис, и верува дека може да се избори за титулата. Враќање во сениорскиот Ред Бул би било идеално по лошата сезона во 2019 година кога беше далеку од перформансите на Макс Верстапен. 

Договорите на многу возачи истекувааат во 2023 година. Тогаш ќе се отворат повеќе шанси.

Во Формула 1 се се случува брзо и поради тоа Не сум загрижен. Има многу шанси. Ќе видиме кога ќе биде вистинско време. Најдобро е да ги повторам резултатите и да бидам подобар во брз болид. 

Ова сега е најдобриот Пјер Гасли. Мислам дека созреав и подобро ги разбирам работите што се случуваат околу мене. Имам подобра контрола врз работите. Сакам да бидам најдобар што можам да бидам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ