Германија: Хамилтон и Шумахер најуспешни возачи во Формула 1 историјата

Со победа на Ајфелското Гранд При која воедно е 91ва во неговата пребогата Формула 1 кариера, Луис Хамилтон се изедначи со Михаел Шумахер како најуспешни возачи во историјата на спортот, возачи со најмногу триумфи зад себе.

Актуелниот првак победи откако неговиот колега имаше проблем со моторот и мораше да се откаже, Макс Верстапен заврши на второ место, а подиум во Рено донесе Даниел Рикардо.

Подиумот во француската фабричка екипа значи и прва тетоважа на телото на шефот Сирил Абитебул, Рено нема топ 3 пласман од Малезија во 2011 година, додека Рикардо нема топ 3 пласман од Монако во 2018 година, кога возеше за Ред Бул.

Трката почна мирно затоа што дури 16 возачи започнаа на софт и беа изедначени освен Фетел, Гасли и Квјат (10-12 место) како и Роман Гросжан (16 место) кои тргнаа на медиум.

Првиот круг донесе превемање на 5то место од Даниел Рикардо над Александер Албон од Ред Бул кој беше некако загубен цела трка и пред време ја заврши. Вториот возач од Милтон Кинс прв се реши за нови гуми во 8от круг откако заглави зад Рикардо кој не можеше да го мине Шарл Леклер пред себе.

Круг подоцна Рикардо успеа да го помине Ферари за 4то место,  два круга подоцна Шарл се реши да промени на медиум. Себастијан Фетел се изврте во 12от круг за потоа и тој да влезе за промена на гуми, но се реши за најтврдата хард компонента.

Во 14от круг поради потрошени гуми Валтери Ботас прешироко влезе на прватра кривина и загуби многу време по што беше лесен залак за Луис Хамилтон кој му ја првзема позицијата. Финецот беше нападнат и од Верстапен, но на крајот од истиот круг влезе да промени гуми и монтираше медиум.

Во истиот круг Кими Раиконен се бореше со Џорџ Расел, имаше подуправување, се обиде да корегира и излизга директно во Вилијамсот кој летна од земја, но за среќа слета на сите четири тркала. Тоа бепе крај на трката за младиот брианец и 10 секунди казна за Кими.

Следуваше виртуелно безбедносно возило кое беше наменето да ја забави трката додека се расчисти болидот на Расел, нешто што Хамилтон и Верстапен го искористија да променат на медиум гуми.

Кругот број 17 донесе уште еден контакт во борбата помеѓу Албон и Даниил Квајт. Русинот ја скрати патеката во дуелот со АлфаТаури, но загуби брзина, а Алекс претекнувајќи не го ни виде, му го пресече патот и му го “собра“ предното крило. Бринецот со тајландско потекло доби казна од 5 секунди за глупоста.

Следниот 18ти круг беше решавачки за Валтери Ботас кој загуби моќ од моторот и немоќно се паркираше директно во гаражата. Ова беше прва незавршена трка за финецот сезонава, а симптоматично е тоа што во пресрет на Ајфелското Гранд При доби нов мотор со внатрешно согорување, турбо полнач и двата делови од Системот за повраток на енергијата (МГУ-Х и МГУ-К).

Естебан Окон ја заврши трката во 23от круг, исто така поради некаков проблем со моторот откако претходно се пожали и на хидрауликата и сопирачките.

Албон отиде во бокс да ја “одлежи“ казната поради дуелот со Квјат, но не излезе од таму откако Ред Бул решија да го паркираат поради забележани проблеми во податоците од неговиот мотор и со цел да го зачуваат истиот.

Во 26от круг почнаа проблемите за Ландо Норис кој врескаше преку тимското радио жалејќи се на проблеми со моторот кои траеја долго време.

Перез и Саинз во 29от круг беа последни кои влегоа во бокс по свежи гуми и првичните софт ги променија на медиум. По излегувањето од боксот двајцата доста лесно го минаа Ландо Норис кој се мачеше со својот мотор.

Во кругот број 34 Перез имаше дуел со Шарл Леклер, но Ферари си ја зачува позицијата, иако тоа траеше кратко затоа што Шарл беше минат следниот круг.

Леклер во 36от круг втор пат промени гуми и доби нов сет медиум, а следните два круга ги мина Раиконен и Фетел и дојде до 7то место каде заврши.

Конечно Ландо Норис целосно се откажа во 44от круг откако загуби се што можеше од моторот и се паркираше крај патеката носејќи безбедносно возило кое остана 5 кругови на патеката. За време на безбедносното возило гуми промени првата шесторка, а истото остана доволно долго за да се збие поредокот и да се формира колона.

Еден круг по рестартот Пјер Гасли го превзема 6то место на Шарл Леклер,  Фетел ги мина Латифи и Магнусен за 11то.

Луис Хамилтон победи по 91ви пат и се изендачи со Михаел Шумахер, додека Макс Верстапен во ниту еден момент не беше далеку од него и со најбрз круг стигна до второто место. Следуваше Даниел Рикардо кој финишираше 1,5 секунди пред Серхио Перез, а зад нив на 5то место беше Карлос Саинз.

Пјер Гасли беше одличен со 6та позиција пред Шарл Леклер и изненадувањето Нико хулкенберг кој по сам о4 кругови на квалификациите тргна од 20то место и успеа да донесе 4 поени на Рејсинг Поинт со 8то место. Два поени доби Роман Гросжан, а поен Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ