Германски РТЛ нема да присуствува во Виетнам поради Корона вирусот

Претставници на Германската телевизија РТЛ, нема да патуваат во Виетнам за новата трка поради Корона вирусот.

Кинеското Гранд При е одложено, а Виетнамското Гранд При беше под сомнеж се додека шефовите на Формула 1 потврдија дека ќе се одржи, но самиот тркачки викенд сепак ќе подлежи на промени.

РТЛ Германија одлучија да останат дома. Трката ќе се одржи на 5 Април, но тимот од презентери и аналитичари ќе известуваат од Германија.

Наместо Виетнам, целиот продукциски тим е преместен во Келн. Непредвидливото ширење на Корона вирусот е причината. Имаме огромна одговорност кон нашите вработени. Ако известуваме од Ханои, ризикот е премногу голем. Ја донесовме оваа одлука, откако неколку извори на информации не ни дадоа јасна слика – гласи во соопштението на РТЛ.

Ханои е лоциран во северниот дел на Виетнам, само 150 километри од Кинеската граница. Моментално, изгледа дека вирусот не се проширил. Вкупно 16 заразени беа пријавени во земјата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ