Гласините демантирани: Рикардо дефинитивно нема да вози за АлфаТаури

Гласините дека резервистот на Ред Бул, Даниел Рикардо, би можел да го замени Ник де Врис во АлфаТаури, кој се соочува со проблеми, се далеку од вистината.

Шпекулациите беа поттикнати од проба на седиштето на Рикардо во АлфаТаури и наводната посета на фабриката на тимот од Фаенца од страна на австралискиот возач. Додека настапите на Де Врис до сега оваа сезона со АлфаТаури го разочараа Ред Бул, не се разговарало за Рикаардо да го замени холанѓанецот, тврди ЕСПН.

Сепак, Рикардо имаше проба на седиште со АлфаТаури пред Големата награда на Мајами минатиот викенд, но како мерка на претпазливост бидејќи беше официјалната замена на Ред Бул во Флорида поради отсуството на назначениот прв резервен возач на Ред Бул, Лиам Лосон. Понатаму, иако Рикардо навистина беше во регионот Емилија Ромања неодамна, извори за ЕСПН велат дека тој присуствувал на венчавката на блиските пријатели Клои Строл, сестрата на Ленс Строл, и австралискиот олимписки сноубордер Скоти Џејмс.

Иако е малку веројатно Рикардо да се врати во Формула 1 оваа сезона, 33 годишниот возач се стреми кон враќање на гридот за 2024 година, иако можностите што одговараат на неговите амбиции ќе бидат многу мали и непроменети.

Во меѓувреме, Рикардо ќе биде на тест на гуми на Пирели со Ред Бул на Силверстон по Британското Гранд При ова лето, што ќе му даде на австралиецот шанса да ја вози доминантната машина на тимот, РБ19.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ