Глок го предупредува Шумахер

Поранешниот германски Формула 1 возач, Тимо Глок, го предупреди Мик Шумахер да не претера оваа сезона со болидот на Хаас. 

Тој нема да има лесна сезона бидејќи Хаас е најбавниот болид на гридот, а американската екипа веќе најави дека нема да го развива и подобрува пакетот годинава. Мик треба да ги искористи сите шанси кои ќе ги добие и тоа го покажа во Португалија со престасување на еден Вилијамс. 

Неговиот сонародник, Тимо Глок, ги пофали перформансите на Шумахер и го советува да не бара многу борби на патеката. 

Тој извозе уште една одлична трка. Секако има уште многу пред него, но тој полека учи. Во Портимао испорача одлични перформанси и престаса еден Вилијамс. Се надевам дека ќе биде така во текот на целата сезона, Но со таков тим тешко е да се постигне тоа. 

Тимо Глок даде свое мислење и за Себастијан Фетел и Астон Мартин. 

Астон Мартин се најголемо разочарување за мене. ТИмот сеуште не може да се врати на перформансите од минатата година. Штета е за Фетел што се мачи во трката.

Пред сезоната се надеваше на топ 5, но болидот не го може тоа. Тој не е задоволен со болидот. Има надеж на квалификациите, но на трка не е така. Се надевам дека ќе одат напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ