Глок: Хамилтон одлично го крие притисокот

Поранешниот Формула 1 возач, германецот кој на Бразилското Гранд При во 2008 година му ја подари првата титула на Луис Хамилтон, вели дека седумкратниот првак е одличен во криење на притисокот кој го носи борбата за титула.

Во моментов Луис заостанува 6 поени зад Макс Верстапен на исто толку трки пред крајот од сезоната, но секогаш е смирен во текот на интервјуата. Сепак, Глок смета дека Хамилтон е експерт во криење на притисокот, но на патеката се покажува дека интензитетот на борбата и тоа како влијае врз него.

луис никогаш од надвор не покажува дека е пот приситок. многу добро знае како да се појави максимално смирен. но, кога ќе ја спушти кацигата знае како да се бори и сето тоа да изгледа релаксирано и кул – смета глок.

Тимо исто така го пофали и Верстапен поради начинот на кој го менаџира притисокот кој го носи интензивната борба за титула со оглед на тоа што ова е прв вистински напад за наслов за него.

макс верстапен исто така за сега успева во тоа. за мене тој направил огромен чекор и станал многу порелаксиран и многу подобро се контролира.

Тој смета дека доколку сударот во Монца се случел пред две години, Макс сигурно физички ќе се пресметал со Луис крај патеката.

пред две години при ситуација како онаа во монца, веројатно тој ќе му се ставеше во лице на луис, ќе му ја отвореше кацигата и ќе го удреше, но сега мисли на себе, смирен е и концентриран.

На шест трки пред крајот на сезоната, Глок вели дека борбата е отворена и ќе трае до крајот на сезоната.

не може да е подобро од ова. многу сум љубопитен да видам кој ќе победи на крајот, но сметам дека тоа ќе биде оној кој помалку ќе греши, како од возачите така и од тимовите.

да се види како мерцедес е конечно под притисок од пред бул е нешто многу интересно. претходно секогаш имаа огроман резерва пред оние зад нив, можеа да си дозволат грешка и повторно да победат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ