Големата награда на Турција неизвесна …

Формула 1 размислува за откажување на трката во Турција откако британската влада најави дека земјата е на црвената Ковид листа. 

Патниците кои се враќаат во Британија од земјите на листата мора да поминат 10 дена во државен карантин. Турција ќе биде на листата од 12 Мај, а трката е закажана за 13 Јуни. 

Можни се одредени исклучоци за Формула 1 персоналот да го избегне карантинот само доколку Владата одлучи за тоа. Тоа ќе биде проблем за седум тима кои се базирани во Британија како и дел од Формула 1 и ФИА персоналот кој патува на трките. 

Медиумите нема да бидат дел од исклучокот и ќе мора да бидат во карантин во хотели одобрени од Владата. Ова требаше да биде проблем и за трката во Португалија која беше на листата неколку недели пред трката. 

Персоналот кој оди во Шпанија треба да оди директно на трката, но доколку бил во Португалија во претходните 10 дена мора да оди во карантин или да остане неколку дена повеќе во Шпанија или да патува директно во Монако. 

Свесни сме за најавата на владата за рестрикции за патување од Турција и ја разгледуваме ситуацијата. Одлука ќе донесеме во наредните денови – велат од спортот.

Иако владата редовно ја ревидира листата, Формула 1 нема многу да чека за да се одлучи дали ќе се одржи трката. Оваа црвена листа ќе направи проблем и на финалето на Лигата на Шампионите кое треба да се одржи во Истанбул на 29 Мај помеѓу британските клубови Манчестер Сити и Челзи. 

Турција беше додадена на календарот по откажувањето на трката во Канада. Таа е првата од двете трки кои се далечни и ќе мора опремата да се однесе со авион заедно со насанот во Азербејџан. 

Поради набиената агенда тешко е да се најде замена за Турција. Можно е да се додаде уште една трка на Пол Рикар во Франција или таа трка да се помести за една недела и да се додаде втора трка на Ред Бул Ринг. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ