Грешката со гумите во Мекларен го чинеле Ландо 4то место

Ландо Норис смета дека неговата шанса за старт на Унгарското Гранд При од подобра позиција биле уништени од грешката со гумите на тимот.

Британецот нема да стартува од топ 5 денеска, но имаше шанса да биде пред Пјер Гасли од АлфаТаури, дури и пред Серхио Перез од Ред Бул доколку имаше пдобри гуми за последниот круг наместо веќе искористени.

задоволен сум, затоа што знаме дека можеше и полошо. бевме многу блиску до 4то место, заостанав помалку од седум стотинки од перез и секако дека тоа не е совршено. немавме најдобар избор на сет на гуми на крајот од првиот квалификациски сегмент кога требаше да го направиме тоа.

загревачкиот круг значше дека гумите имаат поразлична температура, не беше совршено и поради тоа не можеше да се извади максимум од болидот со нив таа втора серија. грешка на тимот, тоа е сигурно.

но, 6то стартно време е добра позиција од која може да се дојде до добар резултат на трка – најави норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ