Грешка во свиокот 10 го чинела Ботас пол позиција

Валтери Ботас изјави дека грешка во свиокот број 10 го чинела повеќе од разликата од 13 стотинки пред освојувачот на пол позиција Луис Хамилтон на Шпанското Гранд При.

Последниот пат во Портимао, Ботас истакна дека тој сè уште може да учествува во трката за титулата во 2021 година со освојување на пол позиција и најбрзиот круг на трката.Второто место беше достапно за Ботас во Портимао, но проблем со сензорот значеше дека третата позиција е најдобриот резултат што можеше да го постигне.

За среќа, сепак, моментумот продолжи и во Шпанија каде Ботас и Верстапен изгледаа конкуренти за пол позиција, но Хамилтон се појави и стигна до нов саботен триумф број 100 во неговата кариера. Но, ако Ботас по поминал свиокот нрој  10 како што треба, тој смета дека тоа неговиот Мерцедес ќе бил на првото место.

Во К3 во првиот круг направив грешка во свиокот 10 и ме чинеше повеќе од десетинка. Тоа очигледно е повеќе од разликата до пол позиција, но така е кога ги надминувате границите.

Дефинитивно темпото беше таму, но јас не го искористив максимумот од тоа, но барем не беше катастрофа – изјави финецот.

Ботас имаше втор летечки круг, но сите возачи имаа проблеми да најдат било какво подобрување.

Се чинеше малку поинаку, можеби беше малку повеќе ветровито или нешто слично.  Губев време свиок по свиок и можев да почувствувам и да видам дека нема шанси да се подобрам во второто возење.

Секако, Ботас нема да сака прикаже премногу пофалби за неговиот тимски колега и ривал, но му честиташе на Хамилтон на заслужениот 100-ти пол во кариерата.

Неверојатно е, 100та пол позиција е многу работа, заслужена. Среќен сум за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ