Грешките на Тсунода се неприфатливи

На Јуки Тсунода не му е потребен Хелмут Марко да му каже дека грешките кои тој ги направи на Емилија Ромања Гранд При трката се неприфатливи

Откако ги освои своите први поени на Бахреин преку пласман на 9то место, Марко најави дека Тсунода би можел да биде првиот јапонец шампион во Формула 1. И Рос Браун го подржа младиот јапонец и го нарече најдобар јуниор во последните години, но на Имола тој се покажа во друго светло. 

Имаше тешко излегување на квалификациите кое заврши со силен судар во оградата, при што беше прекината сесијата. На самата трка тој неколку пати се изврте на мокро и доби казна од пет секунди поради надминување на лимитите на патеката. 

Две грешки во два дена е неприфатливо за мене. Ќе научам од ова и ќе се поправам – најави јуки.

Тсунода заврши на 12та позиција додека Гасли освои поени на седмата позиција иако стрдаше од лошиот избор на гуми на стартот. 

Бев многу агресивен во вториот свиок. Имав добро темпо и штета е што се извртев во првиот круг. Жал ми е за тимот. Имав тежок викенд, Но ќе научам од ова. Можни беа бодови, но сеуште учам да не го повторам ова. 

Негова најголема грешка е сепак инцидентот од квалификациите. 

За мене излетувањето беше целосно моја грешка. Дури и во К1 имавме одлични перформанси, но не требаше толку да форсирам. Не знам зошто форсирав непотребно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ