Гросжан веќе пробал седиште во Мерцедес

Последното возење Формула 1 болид за Роман Гросжан е се поблиску откако французинот пробал седиште на Мерцедес неодамна.

Откако 2020 година му беше последна во спортот, но ја заврши прерано, на две трки пред крајот по ужасен судар на Бахреин, Роман сака шанса соодветно да се збогува со Гранд При тркањето. Мерцедес му излегоа во пресрет лани, а Тото Волф откри дека сакаат да му дадам можност на возачот на Хаас на приватен тест со некој од шампионските болиди.

Извршниот продуцент на Drive to Survive серијалот на Нетфликс, Џејмс Геј-Рис, откри дека Гросжан веќе завршил со пробите и мерките за болид на Мерцедес.

снимавме како гросжан пробува седиште денеска и ќе добие можност да провози болид на шампионскиот тим – откри гај-рис.

Порпарол на “сребрените стрели“ одби да ја потврди веста. Тест од таков вид ќе мора да се прилагоди и со Индикар обврските на Роман кој се префрли во американската серија по крајот на Формула 1 кариерата.

Шпекулациите велат дека францизнот ќе вози на Силверстон со шампионскиот В10 од 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ