Гросжан: Во Ф1 недостасува возбудата на Индикар

Роман Гросжан се радува на непредвидливоста која со себе ја носи американски Инарикар, чувствувајќи дека во Формула 1 резултатот е веќе познат по првиот свиок.

Французинот ќе се врати на тркачките патеки оваа година со Дејл Којн Расинг во серијата Индикар, иако нема да се натпреварува на овалните настани, нешто што го договори со своето семејство, а по претрпениот хорор на ланското Бахреинско Гранд При.

Тој веќе почнал да гледа снимки од претходните трки во Индикар и е возбуден од непредвидливоста што тој смета дека недостасува во Формула 1.

Осумнаесет часа и 36 минути гледање трки во ИндиКар во последните неколку месеци.

Мислам дека возбудата доаѓа од фактот дека во Формула 1, по првиот свиок, нормално знаете каков ќе биде резултатот на трката само затоа што го знаете темпото на болидот.

Некои работи можат да се променат, но никогаш нема да биде толку возбудливо колку што е во ИндиКар – изјави Гросжан за ИндиКар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ