Гросжан ги предупреди Алпин за францускиот тандем возачи

Поранешниот Формула 1 возач, Роман Гросжан, даде свое предвидување за претсојната сезона, вклучително и за француски Алпин и нивниот домашен тандем возачи.

Тој го предупреди фабричкиот тим на Рено дека работите може да бидат лоши помеѓу Естебан Окон и Пјер Гасли откако екипата реши да го замени Фернандо Алонсо со уште еден французин. Познато е дека Окон и Гасли не се во сјајни односи и имаат несогласувања уште од јуниорските денови кога се тркале еден против друг.

Роман смета дека двајца французи кои се борат за број еден статус во француски тим, многу веројатно ќе донесе проблеми за екипата сезонава. И покрај тоа, тој вели дека екипата може да најде начин двајцата да работат за доброто на тимот и да ги остават недоразбирањата зад себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ