Гросжан: Гласно ќе размислуваме за да не се повторат проблемите

Роман Гросжан смета дека неговата одлука гласно да зборува дека нешто не е во ред со пакетот на Хаас лани била клучно за тоа што екипата не паднала во уште поголеми проблеми оваа сезона.

Штом французинот го проба новиот аеродинамички пакет за време на Гранд При викендот во Барселона веднаш изјаву дека истиот не е подобрување, нешто што стана кристално јасно неколку трки подоцна. Тимот не можеше да најде начин да менаџира соодветно со гумите, а се работеше напорно и на корелација на пдоатоците за да се избегнат слични проблеми оваа тркачка сезона.

Роман смета дека доколку гласно не зборувал за проблемите, екипата можела да има огромни проблеми и оваа тркачка сезона.

по трката во барселона штом донесовме подобрен аеродинамички пакет стана јасно дека имаме проблем и дека болидот не работеше како што треба.

на квалификациите во пол рикар им кажав дека треба да престанеме да се концентрираме на гумите затоа што тие не се проблем и дека постои друг реален проблем со болидот.

анализите стануваа се потемелни и сфативме дека имаме голем и сериозен проблем на корелација на податоците од патеката со оние од воздушниот тунел.

она што е сигурно е дека доколку не кажев јавно дека еволуцијата од барселона не работи, ќе се продолжеше во иста насока и не ни се пишуваше добро годинава. тоа дефинитивно е позитивна работа од лани – објасни гросжан.

Гросжан верува дека американците научиле што тргнало наопаку минатата година, иако е свесен дек првите моменти од предсезонските тестови ќе бидат клучни да се уверат во тоа. Поради тоа екипата нема намера да се концентрира во организација на официјлно претставување на болидот, туку без да се губи време, пакетот ќе бид промовиран во боксот во Барселона.

нема да направиме никаква презентација, едноставно ќе го прикажеме болидот и ќе возиме. се концетнтрираме на клучни работи за да извадиме максимум од болидот колку што можеме побрзо.

нетрпеливи сме да видиме каков е болидот на патеката во однос на бројките кои ги имаме во воздушниот тунел. мислам дека многу научивме лани, но крајниот одговор мора да го откриеме на патеката.

се обидовме да разбереме од каде доаѓа проблемот со корелацијата, се обидовме да разбереме што правиме поинаку од другите. ќе почекаме на првите неколку кругови во барселона за да се осигураме дека се што се случува е исто како што видовме во воздушниот тунел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ