Гросжан донесе црвено знаме, Ериксон победи во Индикар

Маркус Ериксон дојде до својата прва победа во Индикар откако по црвеното знаме во Детроит, Вил Пауер испадна од конкуренција.

Шведскиот возач дојде до првата победа по цела декада откако последен пат победи во ГП2 во 2013 година. Тој вешто се одбрани од нападите на Ринус Векај и О’Вард и стигна до победата.

Стартувајќи од 15та позиција, тој се избори до предниот ред кога поради жестокиот судар на Феликс Розенквист, се појави црвеното знаме. Потоа Вил Пауер дојде до водечката позиција и Ериксон беше веднаш зад него.

Таква беше ситуацијата се додека Роман Гросжан не се удри во ѕид и повторно беше запрена трката. По рестартот, болидот не Пауер не се запали поради проблем со електрониката која се оштети од топлината.

Ова му ја подари победата на Ериксон пред Сато и Векај за да го комплетираат подиумот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ