Гросжан избегна дисквалификација

Роман Гросжан избегна дисквалификација и исклучување од Штаерското Гранд При откако тимот беше обвинет дека ги прекршил парк ферме правилата и работел до доцна во ноќта на својот болид број 8.

Французинот не постави време на квалификациите на Ред Бул Ринг на кои изобилуваше дожд поради проблеми со пумпата за вода од Системот за повраток на енергијата. Официјално неговите квалификации заршија на 20то место.

Американската екипа работеше на отстранување на дефектот во Сабота попладне повеќе од дозволените 3 часа и 30 минути по крајот на квалификациите, што значи прекршување на парк ферме правилата од спортската регулатива на Формула 1. Работата била заршена во 11 часот и 20 минути ноќта.

Освен што работеле надвор од дозволеното време, Хаас го прекршиле и правилото поради тоа што работеле без контрола од страна на ФИА, што е уште едно прекршување на правилта. По истрагата од страна на стјуардите во Недела наутро стана јасно дека казна може да биде исклучување од Гранд При викендот.

Сепак, Хаас ги известиле стјуардите пред да почнат да работат и поради тоа ФИА им дозволи да се тркаат и со Гросжан, но почетокот ќе биде од боксот, а не од гридот.

прекршување на парк ферме правилата може да води до дисквалификација од тркачкиот викенд. во овој случај стјуардите прифаќаат дека тимот немало да има можност да вози со тој болид на трка доколку не се работело толку доцна во текот на ноќта по крајот на дозволениот период. но, ваквата казна нема да стане пракса за вакви прекршоци во иднина – велат стјуардите на фиа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ