📷 Гросжан имал кацига дизајнирана од своите деца

Роман Гросжан откри дека планирал да носи специјална кацига, дизајнирана од неговите три деца, за последната трка во Абу Даби и негова последна во Формула 1.

Гросжан требаше да ја напушти Формула 1 по 2020 година, откако го загуби местото во Хаас, но неговото заминување не одеше по планот по ужасниот судар во Бахреин. Гросжан преживеа удар од 53Г сили по стартот во Бахреин на 29 Ноември и помина 28 секунди во пожар од кој самиот успеа да се извлече.

Возачот на Хаас планираше да се врати на последната трка во Абу Даби, но на крајот одлучи да не го стори тоа со цел да се опорави по претрпените повреди на неговите раце. Тој сега го откри планираниот дизајн кој сакал да го носи на Јас Марина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ