Гросжан има опции во ФЕ и ВЕЦ ако замине од Хаас

Роман Гросжан вели дека има и други опции надвор од Формула 1 за 2021 година, доколку го загуби местото во Хаас Ф1, а го истакнува интересот во Формула Е и ВЕЦ.

Хаас моментално ги разгледуваат своите опции за 2021 година, додека договорите на Гросжан и Магнусен истекуваат на крајот на оваа сезона. Тимот има листа од околу 10 возачи за следната сезона. Тие се желни да потпишат повеќегодишни договори со некој од тие возачи за да обезбедат стабилност при промена на правилата за 2022 година.

Очигледно нема многу места останато во Формула 1, а има многу кандидати, така што ја разбирам гледната точка на Хаас. 

За мене, во Америка, очигледно ИндиКар е убаво првенство, но не сум толку миленик на овали. Дури и се плашам од нив, така што не го сакам тоа. Но, во иднина, хипер автомобили на 24 часа Ле Ман и ВЕЦ би биле добра опција. 

Формула Е е дефинитивно опција. Има добри возачи таму и добри тимови – откри гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ