Гросжан незагрижен од недостатокот на новини во Хаас

Возачот на Хаас, Роман Гросжан, призна дека е загрижен од недостатокот на новини и подобрувања на шасијата на најмалдата екипа на Формула 1 гридот.

Гунтер Стаинер неодамна објасни дека се додека не се познати сите трки од календарот оваа сезона, нема да инвестираат во развој на пакетот. Гросжан признава дека стабилниот пакет може сам по себе да има позитивности.

можеме да се фокусираме на тоа што го имаме и да оптимизираме колку што можеме подобро. јасно е дека сме по нмалку загрижени со кевин затоа што знаеме дека формула 1 е придвижувана од развојот, но лани јас завршив со пакет што почнав, така што секоја новина не значи предност и придобивка.

убаво е да се имаат нови делови особено кога носат перформанси, но не значи секогаш дека фокусот треба да е на нив. среќен сум што трките ќе почнат и што тимот ја преживеа кризата. да се тркаме и да бидиме колку може болидот да биде брз – посака роман.

Францускиот возач смета дека болидот непроменет од Австралиај е одлична почетна точка за тимот.

мислам дека имаме одлична основа од зимскиот тест. секако дека условите тогаш беа различни, патеката различна карактеристиките разични, друга температура, но оптимизираме и учиме многу, а тоа е одлично.

во текот на неколку трки ќе видиме како ќе биде, а можеме да се подобриме и покрај тоа што болидот е во одлична ситурација. се надевам дека ќе се забавуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ