Гросжан: Нетфликс го покажа лидерството на Гунтер

Роман Гросжан верува дека серијата на Нетфликс ги потенцирала лидерските способности на шефот на Хаас, итаијанеот Гунтер Стаинер. Ланската година беше најлоша за американската екипа откако се дел од Формула 1 во 2016 година, тимот заврши на 9то место во поредокот откако една сезона претходно беа 5ти, зад фабричката екипа на Рено.

Втората епизода од втората сезона на Drive to Survive беше посветен на проблемите со пневматиците кои го мачеа тимот цела година. Дополнително, Гросжан и Магнусен имаа и контакти на патеката кои кулминираа во Британија каде се откажаа уште во првиот круг по сударот при борба за позиција.

Нетфликс ја прикажаа експлозивната реакција на Гунтер преку аудио запис, а камерите го уловиле и како влетува во својата канцеларија, но Роман смета дека тоа е дел од лидерската способност на неговипт шеф и дека во таа екипа нема политика.

овдека нема политика и скриени работи, што е чудно за формула 1. ако ги погледнеме другите екипи и тоа што се случува, кај нив ситуацијата е поинаква. кога гунтер не е задоволен тој го кажува тоа и не значи дека е лут на вас. имаме одличен однос и сме пријатели, но надвор од тоа ќе ви каже ако нешто не е како што треба. исто така и вие имате слобода да му кажете ако нешто е погрешно, така работиме – појасни гросжан.

На французинот му е криво што поголем дел од работата “зад сцената“ на сите од екипата не била прикажана во текот на втората сезона од серијата.

кога ја попзнавате серијата од внатре, знаете колку работи не се прикажани. ако ме прашате околу епизодата за хаас, јас би сакал да видам повеќе од напорната работа кој се случуваше зад сцената.

сите бевме сведоци на ужасната ситуација во која се најдовме, но мислам дека можеше да бидат покажани поголеми дело од работата која се одвиваше за да ја најдеме светлината на крајот од тунелот, но сценариото било такво.

сепак, мислам дека серијата е одлична за фановите и ја отвара формула 1 како што луѓето кои не се директно вклучени не ја знаат што е неверојатно. посакувам да им дадеме и повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ