Гросжан не го интересираат критиките од Рикардо

Роман Гросжан застана во одбрана на своите возачки способности на Британското Гранд При откако касно менување на правецот при сопирање доведоа до предупредување за возачот на Хаас.

Даниел Рикардо беше вториот возач кој го искуси тоа и истакна по тимското радио дека потегот е сомнителен, додека Карлос Саинз беше првата жртва на французинот.

Не сум ја видел снимката, но Сметам дека оставив доволно простор. Се жалевме за Макс Верстапен со години за менување на правецот при сопирање, беше забавно и нема правило против тоа, така што си помислив дека и јас можам да бранам на таков начин.

Немаме многу можности да се покажеме, така што се обидовме да го покажеме најдоброто. Не ме интересираат критиките на Рикардо. Се извинувам ако направив нешто лошо, не сум ја видел снимката, Не се забележува многу преку ретровизорите.

Но, сепак, секогаш оставам доволно простор. Ниту еден од нив не мораше да се откаже и двајцата ме поминаа, така што …

Повторно, ако сум погрешил, се извинувам, но морам и да се одбранам себе си.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ