Гросжан не споделува многу околу подобрениот Хаас

Роман Гросжан извозе неверојатни 158 кругови на вториот ден од предсезонските тестови, додека Хаас се обидуваат да ги исправат грешките од минатата година.

Во 2019 година токму Гросжан постојано ја убедуваше екипата дека треба да се вратат кон својата спецификација од првиот ден откако идентификуваа дека нема корелација помеѓу податоците од воздушниот тунел и тие од патеката. Хаас сеуште не ја прикажале својата форма во тестовите иако поминуваат импресивен број на кругови, а 158те на Гросжан се дополнителни на 106 од претходниот ден извозени од Магнусен.

Запрашан околу проблемите со податоците и дали истите се решени, Гросжан го истакна следното:

Не можам да ви кажам. Тоа е добро прашање, но не смеам да ви кажам. Прашајте го шефот.

Поминавме многу тестови, Некои не толку за перформанси, повеќе кон пробување на различни работи. Некои возења беа помалку возбудливи, но генерално мислам дека поминавме голем дел од програмата.

Имаше уште многу да се тестира. Навистина, не сме фокусирани кон брз болид во текот на еден круг или сетап, само тестираме различни опции, работиме кон проблемите со корелацијата на податоците од минатата година.

Гросжан беше блиску да го истакне црвеното знаме откако се изврте и имаше контакт со заштитниот ѕид во третиот свиок. Французинот го оштети задното крило, но успеа да продолжи и да се врати во боксовите.

Мораше да бидам јас кој се изврте. Не верувам дека ќе бидам единствен, а всушност не беше ниту првото извртување, но за несреќа немаше многу простор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ