🎥 Гросжан преживеа ужасен судар

Возачот на Хаас, Роман Гросжан беше пренесен во болница за проверка по ужасниот судар во првиот круг на трката во Бахреин.

Мал контакт и Гросжан излета десно во бариерата во обид да ги избегне поспорите болидит. Тој прелета пред Квјат со голема брзина и влета во бариерата при што неговиот болид се преполови и избувна оган. Кокпитот беше во средина на бариерата додека задниот дел од моторот беше настрана.

Трката веднаш беше прекината и можевме да видиме сцени како Гросжан ја прескокнува оградата бегајќи од пламените јазици.

Хаас потврдија дека тој има мали изгореници на рацете и зглобовите но е транспортиран во болница поради најверојатно скршено ребро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ