Гросжан сака различни трки секоја година

Роман Гросжан би сакал Формула 1 календарот да има различен распоред секоја година со цел да се тркаат на што повеќе патеки.

Викендов кој претстои спортот се враќа на легендарната Имола за Емилија Ромања Гранд При трката, настан кој ќе биде дводневен наместо вообичаено составен о дтри денови. Кими Раиконен е единствен од сегашниот грид кој беше учесник на трката во 2006 година.

Французинот Гросжан знае колку ќе бие предизвикувачка трката на Имола и верува дека дводневниот тркачки формат дополнително ќе ја зачини трката и ќе донесе возбуда и неизвесност.

има некои патеки како на пример барселона на која не ни требаат петочни сесии затоа што сите ја знаат на памет. но, одамна се немаме тркано на имола и ретко кој го знае тој автодром.

нирбургринг беше истиот случај, но таму работите тргнаа на добро за нас и беше доста возбудливо затоа што донесе непредвидливост на трка, тоа е нешто што недостасува во формула 1 – објасни гросжан.

Имола заедно со Муџело, Нирбургринг, Портимао и Турција не беа н првичниот календар за оваа сезона, но пандемијата им донесе трка во ревидираниот корона канелдар на Формула 1. 

За следната сезоан се планирани 23 трки и нормална сезона, но Гросжан сака флексибилност на календрот во иднина за спортот да може да се трка на историски патеки како оваа година.

уживам на старите патеки и одлична работа завршија од формула 1 што ни дадоа неколку трки на паткеи како муџело, нирбургринг, портимао, имаола и турција која ќе биде фантастична.

по меен тоа се патеки кои треба да бидат во календарот. знам дека не можеме да имаме по 30 трки годишно, но би било убаво да имаме промени секоја година во однос на патеката и ќе биде интересно да се откријат нови места и локации за тркање.

На Роман сепак му недостасува една патека за оваа година која особено ја сака.

сузука ми е омилена и годинава дефинитивно ми недостасува. би го вклучил и сингапур која е посебна, а фантастичен е и остин. има многу патеки кои сум разочаран што не ги возев годинава затоа што календрот беше базиран во европа, но следната година ќе има други патеки и ќе видиме се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ