Гросжан се враќа на тест со Мерцедес

Седум месеци по тешкото излетување во Бахреин, Роман Гросжан се враќа во Формула 1 кокпитот и тоа на еден тест со Мерцедес.

Французинот беше одлучен да извози за последен пат на последната трка лани, но не успеа да го направи тоа поради изгорениците на неговите раце. Тој не се појави на последните две трки минатата година, но доби ветување за Формула 1 тест со Мерцедес.

Тото Волф си го одржа ветувањето и ќе му го даде шампионскиот болид на Луис Хамилтон од 2019 година, моделот В10 кој ќе го управува на целодневен тест на патеката Пол Рикар на 29 Јуни точно седум месеци по неговиот судар.

Гросжан ќе го вози болидот и на демо настани пред неговата домашна трка два дена порано.

Возбуден сум што ќе се вратам во болидот. Ова е посебна можност за мене да го возам шампионскиот Мерцедес.

Благодарен сум на ТОто и Мерцедес. Кога слушнав за шансата од Мерцедес додека лежев во болница, веднаш ја прифатив и ме разведри.

Формула 1 не се возеше лани во Франција поради пандемијата, но оваа година ќе добијам посебен тест на домашна патека. Со нетрпение го чекам денот.

Тото Волф додаде дека инспирацијата дошла од тоа да му се даде можност на Гросжан да ја заврши Формула 1 кариерата на соодветен начин.

Среќен сум што ќе му ја овозможам оваа шанса на Роман. Идејата дојде кога видов дека нема да може соодветно да ја заврши кариерата. Тој имаше долга и успешна Формула 1 кариера и мислам дека сакавме да му дадеме последен спомен со шампионскиот болид.

Возбуден сум да го чујам што ќе каже за болидот. Несреќата на Роман не потсети за опасностите со кој се соочуваат момците кога влегуваат во болидот.

Луис Хамилтон сподели неколку зборови за човекот кој ќе го вози неговиот болид.

Кога тоа се случи, сите се молевме за него и кога го видовме како излегува ни олесна. Со нетрпение чекам да го видам во Франција и да му посакам добредојде и да внимава на мојот болид В10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ