Гросжан се пишмани, сепак ќе вози на овали

Роман Гросжан ќе направи уште еден чекор оваа сезона во Индикар каде за прв пат ќе вози на овална патека. 

Тој потпиша договор за возење на нормалните патеки бидејќи беше уплашен од брзината на овалите по излетувањето во Бахреин лани кога неговиот болид се преполови и запали. Французинот годинава дојде до една пол позиција во Индикар и брзо се адаприраше на околината “преку океанот“. 

Веќе сум бил на подиум во Формула 1, но не сум видел толку енергија на трибините. Дури и мојата сопруга плачела дома. Имавме неверојатно искуство последните неколку месеци – откри роман.

Гросжан не возеше на легендарниот Индијанаполис 500, но сепак ќе се обиде на Блу Рибанд во иднина. 

Чудно е да гледаш и да не си дел од тоа кога пријателите возат. Знам дека сме во различна ситуација, но би сакал да пробам еднаш. 

Овој викенд Гросжан ќе вози на две трки пред да замине за Европа каде треба да го тестира Мерцедес болидот од Формула 1 во Франција за да ја заврши својата Формула 1 кариера со стил. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ