Гросжан се плашел во хотелот во Русија

Формула 1 објави рекорден број на позитивни тестови иако од помошниот Формула 1 персонал и појаснија дека тоа нема врска со публиката која беше дозволена во Сочи, сепак, Роман Гросжан откри дека бил уплашен во хотелот во олимпискиот град поради недостатокот на мерки кои ги превземале русите.

Во Сочи беше дозволено да присуствуваат гледачи во број половина од капацитетот на трибините откако претходно и Монца и Муџело имаа луѓе на трибините, но во многу мал број. Во Русија имаше околу 30.000 гледачи што беше значителен чекор на Формула 1 кон враќање во каква-таква нормала.

Овонеделниот биланс на спортот се 1.822 тестови направени за Ковид-19 и рекордни 10 позитивни случаи, сите изменаџирани согласно протоколите за да не доведе до ширње за заразата.

Гросжан не се чувствувал многу пријатно поради недостатокот на построги мерки во Сочи и смета дека било тешко за возачите да останат во својот меур поради присуството на фанови, а се пожали и дека келнерите ги покривале само устите.

во русија не е задолжително да се носи маска, а кленерите никогаш не ги покриваа носевите, имаше премногу фанови во хотелот и понекогаш не бевме сами во лифт, моравме да се возиме со луѓе надвор од нашиот меур.

не ми беше пријатно, не се плашам да контактирам со некој кој е заболен, но не сакам поради тоа да пропуштам трки и да не бидам во можност да си ја вршам работата. не ми е удобно поради тоа што безбедносните мерки не беа имплементирани во хотелот – се пожали гросжан.

Формула 1 останува во Европа и следната недела на програмата е Ајфелското Гранд При на Нирбургринг, рпва трка од 2013 година на таа патека, а германците продадоа 20.000 карти за настанот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ