Гросжан: Снимките од несреќата во Бахреин не се пријатни за возачите

Роман Гросжан смета дека снимките прикажани по неговата ужасна несреќа во Бахреин биле премногу за неговите колеги возачи, но ја истакна важноста од прикажување на такви снимки.

Снимката од болидот на Французинот како е поделен на половина и се разгорува во пламен пред тој да излезе релативно неповреден е глетка која фановите на Формула 1 нема да ја заборават долго време.

Формула 1, најпрво, го одложи прикажувањето репризи пред да дознаат колкава е неговата повреда. Но, откако Грожан излезе чудесно од својот болид со полесни повреди, тие одлучија дека видеата се во ред за да бидат прикажани. Снимките не само што се прикажаа ширум целиот свет, туку беа прикажани на ТВ-екраните низ падокот, каде возачите нестрпливо чекаа да видат дали возачот на Хаас е добро.

Даниел Рикардо беше особено лут на одлуката да се прикажат такви снимки, велејќи дека тоа е премногу, додека Гросжан се согласува со тоа до одреден степен, тој смета дека возачите можат да научат нешто од гледањето на снимките.

Можете да ги разберете обете страни. Мислам дека за возачите беше премногу да се видат снимките во тој момент.

Мислам дека сето тоа треба да се испита, но во иднина не сум против оваа снимка да се емитува. На овој начин можеме да го едуцираме секој возач на трки за тоа како да се однесува во таков момент.

Се разбира, постојат правила за тоа кога и како ги споделуваме. Но, се надевам дека еден ден ќе можеме да работиме со тоа и да ги едуцираме сите. Јас веќе се пошегував со Ајао Коматсу, главниот инженер на Хаас, дека ако се вратам во Формула 1, нема да треба да направам тест за излез од болидот. На крајот на краиштата, јас сум крал на тоа!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ