Гросжан: Шумахер имаше сомнителни моменти, Хамилтон не

Луис Хамилтон никогаш немал сомнителни моменти како Михаел Шумахер во нивниот поход кон седум шампионски титули, смета Роман Гросжан.

Со импресивна победа во Турција, Хамилтон се изедначи со рекордот на Шумахер од 7 титули. Севкупно, тој стигна до истите без многу контроверзни ситуации, а истото не може да се каже за Шумахер, смета Гросжан.

Надвор од патеката мислам дека двајцата се многу различни. Можеби е поради генерацијата и периодот, со социјалните медиуми. Во времето на Шумахер, помалку знаевме што тој прави, не беше јавно. Луис, секогаш знаете каде е, што прави, кој бренд го претставува.

На патеката, Михаел, во походот за титулите, секогаш имаше мали конфронтации, со Дејмон Хил, Жак Вилнев, имаше мали епизоди на сомнителни моменти. Луис, не. Тој секогаше е елегантен кога не се согласува. Не велам дека Михаел не беше, но разликата е што во случајот на Михаел, имаше моменти кои беа под голем знак прашалник.

Во одбрана на Михаел, тој имаше и повеќе конкуренција во тие времиња, додека Луис, од 2014 година, се бори само против еден болид, еден возач. Со исклучок на Нико Розберг, тој секогаш имаше удобно водство – гласи гледиштето на французинот гросжан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ