Гулф Оил се враќа на гридот преку Вилијамс ?

Славниот бренд Гул Оил најави враќање во Формула 1 откако на средина на минатата сезона потврдија дека 2022 година ќе биде последна во која ќе бидат спонзори на Мекларен.

Откако во Мај 2021 година за време на Гранд При трката во Монако, Гулф Оил најави враќање на болидот на Мекларен, цела ланска сезона двете компании соработуваа. Сепак, на крајот од минатата сезона, соработката е официјално прекината.

Но, Гулф Оил на Твитер најавија дека некоја голема вест од нив се очекува наскоро, а некои медиуми веднаш ги поврзаа со Вилијамс, но и влез на Порше во тимот од Гроув, што ќе значи обновување на легендарната соработка на Гулф Оил со Порше која донесе големи успеси на Ле Ман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ