Давидовски на Монца, повторно дел од елитата во ТЦР Европа

Нашиот претставник, Виктор Давидовски, повторно се враќа каде што припаѓа, во најелитното првенство на туринг автомобили на европскиот континент, ТЦР Европа, викендов на патеката Монца.

Тој и македонскиот тим на PSS Racing Team, беа спречени поради моменталната ситуација со Корона вирусот да учествуваат на првите две трки од ТЦР Европа, на трките во Франција и Белгија. Давидовски пристигна во Италија во Вторник навечер и веќе е во подготовки за двете трки викендов на Монца.

Ова е исклучително важен момент за Македонскиот моторспорт земајќи го предвид високото ниво на конкурентност во ТЦР Европа, првенство кое е составено од 20-26 елитни професионални и платени возачи од фабрички екипи и значителен чекор нагоре во професионалното тркање во однос на локалните ТЦР Европа првенства, како тие во Италија и Шпанија.

За споредба, разликата помеѓу најбрзиот круг поставен во ТЦР Италија серијата и последното најбрзо време во ТЦР Европа е повеќе од 1 секунда.

ТЦР Европа првенството е последното ниво пред напредување во глобалната светска ВТЦР (WTCR) тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ