Давид е далеку од Формула 1, но Мик има добра шанса

Според Ралф Шумахер, Мик има добра шанса за влезе во Формула 1 со тимот Алфа Ромео, откако минатата година имаше доста озборувања како отпуштање на Џовинаци и доаѓање на Мик Шумахер. 

Младиот германец останува уште една сезона во Формула 2 со Према, а член е и на Академијата за млади возачи на Ферари. 

За Мик, треба да видиме како ќе биде оваа сезона. Мислам дека лани беше добар како за прва сезона – се очекувањата на ралф.

Лани младиот Шумахер заврши на 12та позиција со една победа во Унгарија. 

Ова е важна сезона за него во Формула 2 и би сакал да има повеќе време. Тој има добри шанси за влез во Формула 1 во Алфа Ромео. Кариерата на Раиконен е при крај, а Џовинаци не е доволно силен. 

Мик Шумахер не е единствениот Шумахер бидејќи се трка и Давид Шумахер кој наредната година ќе биде дел од Формула 3. 

Давид е сеуште далеку од Формула 1. Тој тивко и полека доаѓа до Формула 3. Формула 1 е далеку и сеуште не се размислува за тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ