Давид Шумахер во Ф3 годинава

Давид Шумахер стана четвртиот член на семејството Шумахер кој тргна по патот на спортските едноседи со цел да влезе во Формула 1 откако младиот возач потпиша за Шаруз и ќе се трка во Формула 3 оваа тркачка сезона.

18-годишниот германец ги следи стапките на татко му Ралф, чичко му Михаел и братучедот Мик кои се или беа дел од моторспорт тркањето. Ралф доаѓа во силно конкурентната серија како петтопласиран од Формула Регионал шампионатот во 2019 година.

среќен сум и благодарен што правам чекор во формула 3 за следната сезона со шаруз. возев на две трки таму на крајот на минатата сезона и беше добра подготовка а оваа година.

морам да научам повеќе за болидот и тоа е многу важно затоа што немаме многу можности за тестирање во текот на тркачките викенди. мислам дека ќе напредувам сезонава и ќе се обидам да завршам колку што можам повисоко во поредокот – изјави давид.

Германецот се тркаше на последната Формула 3 трка лани во Сочи за Кампос на трка на која имаше и доста други возачи кои се натпреваруваа само на таа трка поради што крајниот резултат беше 22ро однсоно 20то место за него.

Годинава ќе ја комплетира крај финецот Нико КАри, 20-годишниот возач кој имаше два подиуми лани и 21-годишниот Игор Фрага, возач кој е највеќе познат по својата еСпортс кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ